Информации во врска со функционалната анализа

Собранието на Република Македонија ги донесе Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор на седница одржана на 3 февруари 2014 година, а истите се објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр.27, од 5 февруари 2014 година. Законите влегуваат во сила 8 дена од денот на нивното објавување, односно 13 февруари 2014 година, а нивната примена започнува по една година, односно 13 февруари 2015 година.

 

Со донесувањето на новите законски решенија, надлежноста за давање на согласност на актите за систематизација и внатрешна организација е пренесена на Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Согласно Законот за вработените во јавниот сектор, сите институциите од јавниот сектор имаат обврска да ги подготвуваат актот за внатрешна организација и актот за систематизација на работните места, врз основа на спроведена функционална анализа.

 

Целта на процесот на спроведување на функционална анализа е:

 

  • да ги идентификува предизвиците од организациски и функционален аспект во институцијата во која се спроведува, кои можат потенцијално да го отежнат или попречат остварувањето на актуелните надлежности и задачи на институцијата, но и оние кои се предвидуваат со стратешките документи и
  • да се предложат конкретни мерки за подобрување на исполнувањето на целите и задачите на институцијата, насочени кон остварување на очекуваните резултати.

 

Елементите на содржината на функционалната анализа се пропишани во Правилникот за содржината и начинот на подготовката на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, кaкo и содржината на функционалната анализа на институциите во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ број 11/15).

Со цел за поедноставување на постапката за усогласување, како и заради поголема ефикасност и економичност на истата, усогласувањето на анализата се врши електронски, преку доставување на целокупната документација во врска со анализата на електронската адреса sistematizacii@mioa.gov.mk.

 

Откако електронски ќе биде доставена анализата, од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, електронски се даваат насоки за натамошно постапување.

 

Во прилог е Методологијата за спроведување на функционалната анализа во институциите од јавниот сектор, која е од особено значење во процесот на подготовка на функционалната анализа:

 

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНАЛНАТА АНАЛИЗА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР

Мени за пристапност