
М-р Ѓорѓи Влајнкиноски
Државен секретар во Министерство за јавна администрација на Република Северна Македонија
Нема резултати
Државен секретар во Министерство за јавна администрација на Република Северна Македонија
Ѓорѓи Влајнкиноски е од Вевчани, роден на 28 февруари 1987. Основното образование го завршил во родното место Вевчани, а средното образование во Скопје.
Високото образование и магистерските студии ги продолжува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломира, а подоцна се здобива со академски степен магистер по правни науки од областа на уставното право.
Својата професионална кариера ја започнува во Општина Вевчани, каде што работи повеќе од 15 години на различни позиции и проекти, поврзани со силен фокус на локалниот развој, доброто управување и граѓанската вклученост. Во текот на својот ангажман, се истакнува и со синдикален активизам, каде што активно членува и извршува функција на претседател на синдикалната организација на општината, застапувајќи ги интересите на вработените и унапредувајќи ги нивните работни права.
Во Министерството за јавна администрација преминува на функцијата раководител на одделение за инклузивност, анализа, планирање и иновации во јавниот сектор.
На 19 јуни 2025 година е именуван за државен секретар во Министерството за јавна администрација. Неговото назначување се совпаѓа со отпочнувањето на нов реформски процес во јавната администрација насочен кон професионализација, дигитализација и зголемување на отчетноста во институциите.
Ѓорѓи Влајнкиноски има учествувано на голем број обуки, семинари и конференции од областа на управното право, администрацијата, уставниот систем, човековите права, стратешкото планирање и иновациите во јавниот сектор. Поседува повеќе сертификати, а неговиот пристап се одликува со посветеност, темелитост, чесност, инклузивност и конструктивен дијалог со сите засегнати страни.