Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Информација за континуирани онлајн обуки со користење на модернизираната верзија на ИСУЧР

Почитувани,

Како што веќе информиравме во дописот  со арх. бр. 10-161/13 од 13.02.2026 год, а со цел зголемување на динамиката и достапноста на обуките за користење на модернизираната верзија на системот, воведуваме континуирани онлајн обуки.

 

Истите ќе се одржуваат на Microsoft Teams, секој вторник и четврток од 10.00 часот, почнувајќи од 24.02.2026 година.

 

Линкот до формата за регистрација, а последователно и до пристапот на обуката е следниот:

 

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScdYTByFQMqguIIt5zr6Yu3PCIBPjaoHQmH5SjpU8C1dNgYAg/viewform?usp=publish-editor

 

Со цел навремено и ефикасно организирање и започнување на обуките, Министерството ги известува сите заинтересирани лица дека пријавувањето ќе биде овозможено еден (1) час пред почетокот на секоја обука, односно во периодот од 09:00 до 10:00 часот, на денот на одржување на секоја обука.

Однапред Ви благодариме, за одвоеното време, проактивноста и учеството на обуката.

 

Со почит,

Министерство за јавна администрација

 

 

Мени за пристапност