Почитувани,
Во насока на веќе започнатите подготовки за финалната миграција на податоците од постоeчката верзија на ИСУЧР системот, нејзино исклучување и истовремено пуштање во употреба на новата модернизирана верзија на ИСУЧР системот со комплетно мигрирани податоци, Ве информираме за следното:
-
ИСУЧР системот и моменталната верзија која ја користите ќе биде исклучена и недостапна за сите корисници од 15.04.2026 година (Среда) во 17.00 часот;
-
Миграцијата на податоците од старата на новата верзија на системот ќе се одвива заклучно до 19.04 2026 година (Недела);
-
Новата модернизирана верзија на ИСУЧР системот со комплетно мигрирани податоци, ќе биде активна и пуштена во продукција на 20.04.2026 година (Понеделник).
Однапред Ви се заблагодаруваме на вниманието, разбирањето и взаемната соработка во насока на успешно завршување на гореспоменатите процеси и активности.
Со почит,
Министерство за јавна администрација
