Почитувани,
Министерството за јавна администрација, со должна почит, изразува искрена благодарност до сите институции од јавниот сектор за Вашата досегашна проактивност, високото ниво на вклученост и континуираната поддршка во процесот на имплементација на модернизираната верзија на ИСУЧР системот.
Воедно, Ве известуваме дека, почнувајќи од 14.07.2026 година, ќе се применува нова динамика на задолжителните онлајн обуки за користење на модернизираната верзија на ИСУЧР системот, кои ќе се реализираат преку платформата Microsoft Teams.
Обуките ќе се одржуваат со следниот распоред:
- Секој вторник, со почеток во 10:00 часот – обука за модулот „ПЛАТА“;
- Секој четврток, со почеток во 10:00 часот – обука за модулот „Персонална евиденција (Човечки ресурси)“.
Линкот за регистрација, како и за последователен пристап до обуките, е следниот:
Ве молиме навремено да се регистрирате и да обезбедите присуство на обуките согласно модулот што е релевантен за Вашите работни обврски.
Однапред Ви благодариме за издвоеното време, проактивноста и континуираното учество во процесот на унапредување на работата со ИСУЧР системот.
Со почит,
Министерство за јавна администрација
