Шеф на кабинет

Маја Рисова Мултлулар

Маја Рисова Мултлулар

Шеф на кабинет во Министерство за јавна администрација на Република Северна Македонија

Маја Рисова Мутлулар е родена во Скопје, 17.07.1991 година каде завршува основно и средно медицинско образование. Дипломира на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје и се стекнува со звањето дипломиран социјален работник во 2014 година. Дополнително се стекнува со извршни студии за градско лидерство на Харвард Универзитетот, САД  2022-2023 година.

 

Работното искуство го почнува во приватниот сектор во периодот: 2000-2001 година како Раководител за односи со јавноста во фирмата “Елемент ПР Скопје -ДООЕЛ“ при што работи на развивање регионални стратегии и кампањи за односи со јавноста, организирање медиумски настани и прес-конференции и координирање активности со меѓународни партнери.

 

Кариерата во јавната администрација ја започнува во 2021 година како Помошник раководител на Сектор за поддршка на Градоначалникот на Град Скопје, при што организира и подготвува состаноци на Градоначалникот, ја информира јавноста и медиумите за активностите на градските институции, одговара на поплаки и прима предлози од граѓаните, организира јавни дебати и истражувања за клучни прашања, координира активности со други оддели во градската администрација.

 

Од октомври 2024 година е Шеф на Кабинет на Министерот за јавна администрација каде е одговорна за координација на активностите во Кабинетот и стратешко планирање, води иницијативи за модернизација на административните системи, работи на подобрување на транспарентноста и ефикасноста во јавната администрација и остварува соработка со различни сектори за подобрување на јавните услуги.

 

Маја Рисова Мутлулар е искусен професионалец во јавната администрација, управувањето со човечки ресурси и менаџментот на квалитет, стратешко планирање, организациски менаџмент и унапредување на административните процеси. Таа е посветена на унапредување на јавната администрација преку иновативни пристапи, транспарентност и ефикасност.

Своите професионални и специфични компетенции ги добива со учество на:

 

-работна група за парламенти и законодавство засновано на докази во Западен Балкан: предизвици и можности, во соработка ReSPA, SIGMA, Европска комисија (DG NEAR -) Италијански парламент, Рим, 2024 година

- диплома за администрација  на финансии и подготовка на ревизија на проекти финансирани од ЕУ од Европска Академија, Амстердам, 2024 година

-работна група на локалните и регионалните власти на Советот на Европа за прашања на јавната етика и справување со корупцијата, Стразбур, 2024 година

- работна група за климатски активности Обединети Арапски Емирати, 2023 година

- работна група во Обединети нации – размена на искуства и најдобри практики во локалната самоуправа, Женева, 2023 година

- глобален самит на градоначалници за унапредување на демократијата и човековите права, Скопје, 2023 година

- работна група за Скопје - Европска престолнина на културата за 2028 година, 2023 година

 

Од Јули 2024 година е член на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA).

 

Активно говори англиски, турски, шпански и српски јазик.

 

 

Мени за пристапност