Известување за достава на Годишен план за обука на административни службеници за 2023 година

Образец за полугодишен извештај за реализација на годишни планови за обука

 

Почитувани,

Во согласност со член 58 став (1) од Законот за административните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и  „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22 ), за донесување на Годишен план за обуки на административни службеници од страна на органите и институциите од член 3 став (1) од истиот закон, а по претходно добиено мислење од Министерството за информатичко општество и администрација, потсетуваме за навремено исполнување на законската обврска.

За таа цел, Министерството за    информатичко општество и администрација (Министерство) донесе Годишна програма за генерички обуки на административни службеници за 2023 година, достапна на следната веб – локација:
https://www.mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/training/gpgo_2023.pdf

и Годишна програма за обука за административно управување за 2023 година, достапна на следната веб – локација:
https://www.mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/training/gpau_2023.pdf

Истовремено, укажуваме на законскиот рок за подготовка на индивидуалните планови за стручно усовршување, прецизиран во член 2 став (1) од „Правилникот за начинот на спроведување на полугодишното интервју, формата и содржината на извештајот за полугодишно интервју, поблиските критериуми за начинот на оценување на административниот службеник, поблиските критериуми за начинот на оценување на административен службеник во институции со помалку од 20 административни службеници, формата и содржината на обрасците за оценување, формата и содржината на извештајот со ранг листа на годишните оценки, како и содржината на извештаите и начинот на оценување на административните службеници во други околности“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 63/18), достапен на следната веб – локација:
https://www.mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/legislation/pravilnik_za_nacinot_na_sproveduvanje_na_polugovishno_intervju_as.pdf  според кој: „Од страна на непосредно претпоставениот административен службеник, односно раководниот административен службеник, односно секретарот или раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, во случаите кога административниот службеник нема непосредно претпоставен административен службеник (во натамошниот текст: претпоставениот), во периодот од 01 до 15 декември, се утврдуваат работните цели и задачи за наредната година, како и индивидуалните планови за стручно усовршување за сите административни службеници со кои раководи.“
               
При подготовка на Нацрт – годишните планови за обука на административните службеници за 2023 година, а заради нивна унифицирана форма, советуваме да се следи Образецот за подготовка на Годишен план за обука, даден во прилог.

Нацрт – Годишните планови за обука на административните службеници за 2023 година да се достават во печатена форма до Министерството и во електронска форма на следната е-пошта: obuki@mioa.gov.mk , при што, електронската форма да биде Excel документ, а не скениран или PDF документ.      
     
Според горе наведеното, а заради навремено добивање на мислење од Министерството, во законски утврдените рокови, органите, институциите и единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје, до Министерството треба да ги достават на мислење своите Нацрт -годишни планови за обуки на административните службеници за 2023 година, најдоцна до 26.12.2022 година во печатена и во електронска форма.

Мени за пристапност