Јавен повик
Почитувани,
Министерството за јавна администрација ве информира дека Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA) објави повик за ангажирање експерти за развој на наставен дизајн и содржини за два тренинг модули на Електронската платформа за е-учење (LMS), наменети за потребите на Академијата за стручно усовршување и обука на административни службеници при Министерството за јавна администрација на Република Северна Македонија.
Подетални информации за јавниот повик се достапни на следниот линк: https://www.respaweb.eu/91/experts
Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати да се запознаат со условите од повикот и да аплицираат во предвидениот рок.
Со почит,
Министерство за јавна администрација