Министерството за јавна администрација ги информира сите заинтересирани професионалци дека Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) објави јавен повик за ангажирање на експерт кој ќе даде поддршка при евалуацијата и анализата на Законот за воведување на систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и испораката на услуги во државната служба во Република Северна Македонија.
Целта на ангажманот е да се обезбеди стручна поддршка во проценката на ефективноста на законот и неговата примена, како и да се понудат предлози за унапредување на квалитетот на јавните услуги.
Сите заинтересирани можат да аплицираат преку следниот линк: https://respaweb.eu/91/experts
Рокот за аплицирање е до 24 април 2025 година.
Ве охрабруваме да го споделите повикот и да аплицирате доколку ги исполнувате условите!