Утре, 14.12.2021 година, во Сеул, Република Кореја, ќе се одржи Глобалниот самит за Отворено владино партнерство, во виртуелна форма, на кој како говорник ќе учествува министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.
Самитот ќе обезбеди платформа и моментум за размислување за напредокот на ОВП во првата деценија и претставување на визијата за иднината.
Глобалните самити на ОВП историски даваат можност претставниците на владите, граѓанското општество и други да споделат искуства, најдобри практики и напредок во иницијативите и спроведувањето на отворена влада.
Сесијата за Источно партнерство и Западен Балкан, на којашто ќе се обрати министерот Шаќири, ќе се одржи од 14:00 до 16:00 часот.
Сесијата можете да ја следите на следниот линк: https://opengovpartnership-org.zoom.us/webinar/register/WN_FyLbqcF5SQmF1QyiqNvl0Q