Министерска конференција на Западен Балкан за РЈА и доделување награди за конкурсот PA Award 2022

Регионалната школа за јавна администрација(ReSPA) и ОЕЦД/СИГМА, утре, 15.09. 2022 година, со почеток во 09.30 часот, организираат министерска конференција на Западен Балкан за Реформа на јавната администрација, на која ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачески и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

 

Министерот Алити ќе учествува и на министерската панел дискусија на тема: ,,Што можат да направат јавните служби за подобро да ги задоволат потребите на граѓаните“.

 

За време на Конференцијата ќе бидат објавени и на свечена церемонија наградени победниците од конкурсот за институциите на јавната администрација од Западен Балкан(PA Award 2022) во главните категории: Дигитална трансформација, Управување со квалитет за подобрување на услугите и Јавна администрација за сите.


 
Сите заинтересирани, настанот можат да го следат и онлајн на линкот: https://youtu.be/Zosc8GcV-eo 

Мени за пристапност