НАЈАВА - МИНИСТЕРСТВО ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Министерството за јавна администрација, согласно законските надлежности и претходно најавента кампања под мотото: „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“. продолжува со консултативниот процес на подготовка на :

  • предлог Законот за административни службеници,
  • предлог Законот за вработени во јавниот сектор и
  • предлог Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

За таа цел,  Министерството за јавна администрација со поддршка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС во рамките на кампањата “СИТЕ ЗАЕДНО ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА И КВАЛИТЕТНА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА”, организира дискусија  по предлог законите со учество на општинската администрација. Дискусијата ќе се одржи на 30.08.2024 година (Петок) во просториите на ЗЕЛС, Скопје, со почеток во 10.00 часот.

На настанот ќе се адресираат клучните предизвици во различни сфери од работата на администрацијата и институциите од јавниот сектор, но и ќе се дискутира за последните предложени законски решенија во областа кои повторно ги отвораме за јавноста во насока на поквалитетни решенија за уредување на работата на јавната администрација.

Мени за пристапност