Покана до медиуми: 19 септември 2025 година

Министерство за јавна администрација Министерство за јавна администрација
Почитувани претставници на медиумите,

 

Ве покануваме да присуствувате на настанот организиран од Министерството за јавна администрација, кој ќе се одржи на 19 септември 2025 година (петок) во 09:00 часот во Кабинетот на Министерот за јавна администрација. 

 

На настанот ќе присуствуваат Министерот за јавна администрација на Република Северна Македонија, Горан Минчев, и Амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. Тие ќе потпишат Меморандум за соработка.

 

По потпишувањето на Меморандумот, министерот и амбасадорот ќе дадат изјава за медиуми во влезниот хол на Министерството за јавна администрација.

 

За дополнителни информации и прашања, Ве молиме обратете се на е-маил: cabinet.mja@mioa.gov.mk 

Ви благодариме и Ве очекуваме.

 

Со почит,

Министерство за јавна администрација

Мени за пристапност