Почитувани,
На 20.07.2023 (четврток), со почеток во 15.00 часот, ќе се одржи Јавна презентација и расправа за новиот нацрт-Закон за висока раководна служба
На настанот, воведно обраќање ќе има Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.
Место на одржување: Сала за настани на Државната Изборна Комисија, 4-ти кат - Св.Кирил и Методиј 52б, Скопје (Зградата Нова Македонија)
Ве покануваме да го проследите настанот
Ви благодариме за интересот