Почитувани,
Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со СИГМА на 20 септември 2023 година (среда), во х. Мериот, со почеток во 10.00 часот, го организира настанот: ,,Современа, Ефикасна и Дигитализирана Јавна Администрација: Визија 2030. Испорака на поквалитетни јавни услуги за граѓаните и приватниот сектор“
На настанот ќе се презентира новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023- 2030), процесот на изработка и механизмите за имплементирање и следење, како и клучните цели и приоритети до 2030 година по приоритетни области.
Воведно обраќање ќе има министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.
На настанот ќе се обрати и Претседателот на Владата на РСМ Димитар Ковачевски (преку конференциска врска)
Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.
Ви благодариме на интересот