Почитувани,
Имаме чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на Конференцијата по повод Денот на јавните службеници и јавните служби, во организација на Министерството за јавна администрација, која ќе се одржи на 24 јуни 2025 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во хотел Холидеј Ин, Скопје.
Ве известуваме дека во 10:00 часот, Министерот за јавна администрација, г. Горан Минчев, ќе даде изјава за медиуми во рамки на отворањето на настанот.
Конференцијата ќе претставува значајна платформа за размена на искуства, идеи и добри практики за унапредување на јавната администрација и модернизација на јавниот сектор, со учество на високи претставници од Владата, институциите, граѓанското општество и меѓународната заедница.
Агендата на настанот е во прилог на оваа покана.
За дополнителни информации и прашања, Ве молиме обратете се на овој е-маил.
Ви благодариме и Ве очекуваме.