Министерството за јавна администрација има особена чест да Ве покани да присуствувате на јавна дискусија по однос на имплементацијата на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници "Инвестиција во знаење - пат кон поефикасна администрација", која ќе се одржи на 28 октомври 2025 година (вторник), во хотел Александар Палас, Скопје, со почеток во 10:00 часот.
Воведни обраќања на настанот ќе имаат Горан Минчев - Министер за јавна администрација, Н.Е Christophe Le Rigoleur - Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија и д-р Неда Малеска Сачмароска - Извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП).
Настанот ќе биде од исклучителна важност за развојот на капацитетите на јавната администрација во процесот на европска интеграција, а со тоа и приближувањето кон единствениот европски административен простор.
Во прилог Ви ја доставуваме и агендата за настанот на следниот линк:
Ви благодариме.