Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Покана за медиуми - Тематска група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“

Министерство за јавна администрација Министерство за јавна администрација
Почитувани претставници на медиумите,
 
Министерството за јавна администрација Ве поканува да го проследите настанот Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“, организиран во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), Амбасадата на Франција во Република Македонија и Центарот за управување со промени.
 
Настанот ќе се одржи на 10 март 2026 година (вторник), во 9 часот, во Hotel Holiday Inn Скопје.
 
На настанот ќе учествуваат директори и високи претставници на институции за обука на јавните службеници од земјите од Западен Балкан, Источното соседство и земјите членки на Европската Унија. Дискусиите ќе бидат насочени кон зајакнување на институционалните капацитети, размена на добри практики и унапредување на системите за професионален развој во јавната администрација.
 
Во прилог Ви ја доставуваме агендата.
 
Ви благодариме и Ве очекуваме.
 

Мени за пристапност