Покана за средба со претставниците на бизнис заедницата и на стопанските комори

Почитувани, 

Во петок 20.10.2023 година, во Клубот на пратеници, со почеток во 10.00 часот, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе одржи средба со претставниците на бизнис заедницата и на стопанските комори на која што ќе се дискутира за актуелните проблеми и предизвици со кои што се соочуваат државните институции. 

Веднаш потоа, во 11.00 часот, министерот ќе одржи прес конференција за новинари, во врска со Ревизорскиот Извештај во однос на тендерските постапки и состојбите во Министерството за информатичко општество и администрација. 

Ве покануваме на присуство.  

Ви благодариме на интересот. 

Мени за пристапност