Почитувани,
Ве известуваме дека Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA) и шесте француски амбасади во Западен Балкан спроведуваат заедничка иницијатива, со цел да се олесни и поддржи учеството на јавни службеници од регионот во кратки обуки што ги нуди Францускиот Национален Институт за Јавна Администрација (INSP – Institut National du Service Public).
Преку оваа иницијатива, по двајца учесници од секоја администрација ќе добијат поддршка за учество на една од трите обуки од каталогот на INSP за 2025 година, сите кои ќе се одржат на англиски јазик. Обуките ќе се одржат во Париз во втората половина на 2025 година и ќе траат по пет дена. Трошоците за учество (школарина, патни трошоци, сместување и дневници) ќе бидат покриени од соодветните француски амбасади и ReSPA.
Повикот за апликации ќе го најдете на линкот:
Announcement INSP- ReSPA training prog WB.pdf
кој ја опишува постапката за аплицирање и ги содржи сите релевантни детали. Накусо, секој заинтересиран кандидат најпрво треба да се пререгистрира онлајн преку веб-страницата на INSP, а потоа да ја достави целосната апликација (заедно со потребната документација) до релевантната Француска амбасада најдоцна до 23 мај 2025 година.
Процесот на селекција ќе го спроведат директно амбасадите.
Овој програм е замислен како дел од стратешката соработка меѓу ReSPA и француската администрација, со цел поттикнување на регионална динамика на соработка со француските амбасади во Западен Балкан и поставување на основа за идни заеднички активности.