Почитувани,
Ве информираме дека Министерот за јавна администрација согласно со член 36 став (9) од Законот за инспекциски надзор (,,Службен весник на РСМ,, бр.135/25 и 269/25) како дел од процесот на спроведување на практичната обука и организирање и спроведување на испит за инспектор ги донесе следните подзаконски акти и тоа:
- Правилник за начинот за спроведување на практичната обука на кандидат за инспектор и
- Правилник за начинот на полагање на испитот за инспектор и начинт на пријавување на испитот за инспектор, формата и содржината на барањето за полагање на испитот за инспектор .
Погоренаведените подзаконски акти се објавени во Службен весник на Република Северна Македонија на ден 26.08.2026 година бр.198.
Дополнително како дел од процесот на спроведувањената на практичната обука на кандидатите за инспектори кои треба да полагаат испит за инспектор, Министерот за јавна администрација, согласно со член 36 став (9) од Законот за инспекциски надзор ја донесе и Програмата за полагање на испит на инспектор при што истата е објавена на веб локација на Министерството.
Со погоренаведените акти се заокружува процесот на организирање на практична обука за инспектор и организирање и спроведување на испит за инспектор.
Со почит,
Министерство за јавна администрација
Линк до програмата: