Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ВОЛОНТИРАЈ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА!

ВОЛОНТИРАЈ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА!
Почитувани,
 
Министерството за јавна администрација нуди можност за студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје да стекнат практично искуство преку вклучување во процесите на подготовка на јавни политики, унапредување на законодавството, дигитална трансформација и модернизација на јавната администрација.
 
🔹 Студентите од Правниот факултет ќе стекнат практично искуство во областа на управното право, подготовката и анализата на законски и подзаконски акти, како и во креирањето на јавни политики.
 
🔹 Студентите од ФИНКИ
ќе имаат можност да придонесат во процесите на дигитализација, развој и унапредување на електронските платформи и модернизација на јавната администрација.
 
📅 Рок за пријавување: 31.07.2026
 
✉️Пријавување: cabinet.mja@mioa.gov.mk
 
 
 
Со почит,
 
Министерство за јавна администрација
 

Мени за пристапност