Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

 Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
Почитувани,
 
23 Октомври е ден што не потсетува на идејата за слободна Македонија, на храброста на оние што се бореа за неа и на одговорноста што ја носиме денес кон идните генерации.
 
Идеалите на македонските револуционери се трајна обврска да ја чуваме слободата, да го градиме единството и да создаваме општество во кое правдата, достоинството и еднаквите можности се темел на заедничката иднина.
 
Нека нивната борба биде поттик да продолжиме со верба, одлучност и посветеност кон силна, просперитетна и демократска држава, во која секој граѓанин ќе може да ја препознае својата иднина.
 
Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! 
 
Срдечно,
Горан Минчев
Министер за јавна администрација
 
 

Мени за пристапност