На 3 декември 2025 година, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Џианг Сјаојен.
Средбата имаше за цел запознавање на соговорниците со формалните надлежности и институционалните околности во кои двете страни делуваат, со акцент на можноста од воспоставување коректни и професионални односи во претстојниот период.
Покрај ова, соговорниците разговараа за тековните активности на Министерството за јавна администрација и Амбасадата на Народна Република Кина, подвлекувајќи дека ваквиот пристап несомнено придонесува за јасно дефинирање на параметрите во рамките на кои се одвива билатералната соработка меѓу двете држави.
Средбата помина во конструктивна и срдечна атмосфера, при што двете страни ја истакнаа важноста на одржувањето отворена комуникација во иднина.