Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик

Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик
Денес, на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, го славиме богатството на нашата заедничка мултикултурна традиција и значењето на мајчиниот јазик во образованието и зачувувањето на идентитетот.
 
 
Турскиот јазик е нераскинлив дел од нашето општество и културното наследство на Република Македонија. Негувањето и промовирањето на наставата на турски јазик не само што ги зајакнува образовните процеси, туку придонесува и за поголемо разбирање и почитување меѓу сите заедници во нашата земја.
 
 
На сите наставници, ученици и нивните семејства им го честитам овој значаен ден, со желби за успех, инспирација и напредок!
 
 
Среќен 21 декември - Денот на наставата на турски јазик!

Мени за пристапност