Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 250 години од независноста на САД

Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 250 години од независноста на САД
Почитувани,
 
Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, упатувам срдечни честитки до американскиот народ и до Владата на САД по повод историскиот јубилеј - 250 години од Денот на независноста.
 
Овој ден претставува цивилизациски белег на модерната државност и институционалната еволуција на една нација која низ вековите изгради уставен поредок заснован на слобода, легитимитет и владеење на правото.
 
Во изминатите два и пол века, САД се етаблираа како глобален носител на демократскиот плурализам, институционалната отпорност и политичката предвидливост, со силно влијание врз обликувањето на меѓународниот систем и современите демократски стандарди.
 
Република Македонија високо го вреднува своето стратешко партнерство со САД, кое претставува темелна оска на нашата надворешна политика и клучен фактор за стабилност, безбедност и за процесот на приближување кон евроатлантските структури, врз основа на заеднички вредности како демократија, владеење на правото и институционален интегритет.
 
Во овој контекст, посебно ја нагласувам улогата на реформите во јавната администрација како суштински столб на современото државно управување. Поддршката и соработката со САД во насока на јакнење на административните капацитети, дигиталната трансформација и унапредување на доброто управување претставуваат значаен импулс за создавање ефикасни, транспарентни и сервисно ориентирани институции.
 
Упатувам искрени желби за понатамошен развој, единство и просперитет на американскиот народ.
 
Со почит,
Горан Минчев
Министер за јавна администрација
 

Мени за пристапност