Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 8 април - Меѓународниот ден на Ромите

Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 8 април - Меѓународниот ден на Ромите

Денес, 8 април, на Меѓународниот ден на Ромите, со почит и благодарност ја одбележуваме истрајноста и посветеноста на ромската заедница во напорите за остварување на правдата, еднаквоста и социјалната инклузија. Овој ден е важен потсетник за потребата од континуирани и заеднички напори во борбата против дискриминацијата, социјалната исклученост и предрасудите.

 

Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на создавање инклузивна, праведна и транспарентна јавна служба, која ќе обезбеди правичен пристап до квалитетни јавни услуги за сите граѓани, во согласност со принципите на демократско општество.

 

Среќен Меѓународен ден на Ромите!

Мени за пристапност