Почитувани,
Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, упатувам искрени честитки по повод празникот Свети Сава, еден од најзначајните духовни и културни празници на српската заедница.
Ликот и делото на Свети Сава се трајна инспирација за мудрост, духовност и посветеност кон заедничките вредности.
Овој празник нека биде потсетник за значењето на традицијата, меѓусебното почитување и соживотот, како темели на едно инклузивно и мултикултурно општество. Нека Свети Сава донесе мир, сплотеност и напредок за сите.
Срдечно,
Горан Минчев
Министер за јавна администрација