Честитка по повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави
Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, упатувам искрени честитки до народот и институциите на Соединетите Американски Држави по повод 4 Јули – Денот на независноста.
Овој значаен ден е симбол на слободата, демократијата и стремежот кон правда – вредности кои ги споделуваме и за кои се залагаме и ние во Република Македонија.
САД се наш докажан стратешки партнер и пријател, кој континуирано ја поддржува нашата демократска трансформација и реформите во јавната администрација.
Со искрена благодарност за досегашната соработка, верувам дека нашето партнерство ќе продолжи да се продлабочува во духот на заемна почит и заеднички вредности.
Нека 4 Јули биде потсетник на силата на единството и визијата за подобра иднина.
Горан Минчев
Министер за јавна администрација