Честитка по повод Денот на независноста – 8 Септември

Честитка по повод Денот на независноста – 8 Септември
Почитувани граѓани,
 
Денес го славиме најсветлиот датум во нашата современа историја – 8 Септември, денот кога македонскиот народ со храброст и достоинство ја избра независна и самостојна Македонија, денот кога ја запишавме најсилната страница во нашата државност.
 
Независноста не е само спомен од минатото, таа е обврска кон сегашноста и иднината. 
Да се биде независен значи да се гради држава со силни институции, со јавна администрација што им служи на граѓаните, со непоколебливи принципи на демократија и владеење на правото. Независноста има смисла само тогаш кога народот ја чувствува државата како своја – праведна, одговорна и европска.
 
Македонија е нашиот дом, нашата иднина и нашата најголема одговорност. 
Денес, повеќе од кога било, мора да бидеме обединети во визијата за модерна, функционална и европска Македонија. 
Тоа е должноста кон генерациите што ја избраа слободата и кон генерациите што доаѓаат.
 
Нека ни е вечна државата! 
Нека ни е честит Денот на Независноста!
 
Со почит,
Горан Минчев
Министер за јавна администрација

Мени за пристапност