Честитка по повод празникот Свети Сава

Честитка по повод празникот Свети Сава

Почитувани,

 

Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, дозволете ми искрено да Ви го честитам празникот Свети Сава, кој претставува еден од најзначајните празници за српската заедница.

 

Свети Сава е симбол на мудрост, духовност и обединување, а неговото дело нè потсетува на важноста од зачувување на традициите, вредностите и културниот идентитет.

 

Неговото наследство продолжува да инспирира генерации и да поттикнува заемна почит и разбирање меѓу заедниците.

 

Овој празник нека биде повод за сплотеност, мир и заеднички напредок, градејќи општество кое се темели на мултикултурноста и взаемното почитување.

 

Нека е честит големиот празник Свети Сава!

 

 

Горан Минчев

Министер за јавна администрација

Мени за пристапност