Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Делегација на Министерството за јавна администрација ја претстави македонската реформска агенда на “ReSPA Open Days” во Молдавија

Делегација на Министерството за јавна администрација ја претстави македонската реформска агенда на “ReSPA Open Days” во Молдавија
Кишинев, Република Молдавија, 03 јуни 2026
 
Во рамки на конференцијата „ReSPA Open Days“, која се одржа во Кишинев, Република Молдавија, делегација од Министерството за јавна администрација зема активно учество на панел дискусиите посветени на улогата на ReSPA во поддршката на реформите во јавната администрација во земјите од Западен Балкан, при што ги претставија и клучните приоритети и достигнувања на македонската реформска агенда.
 
Во своите излагања, претставниците на Министерството ја истакнаа значајната улога што ReSPA ја има во поддршката на реформските процеси во Република Северна Македонија, особено во областите на дигиталната трансформација, модернизацијата на јавните услуги, развојот на човечките ресурси, управувањето со квалитет и јакнењето на административните капацитети. Преку конкретни примери беа презентирани резултатите од реформските активности што се реализираат со поддршка и во партнерство со ReSPA.
 
Претставниците на Министерството ја нагласија успешната и долгогодишна соработка на Северна Македонија со ReSPA, која се реализира преку тематски работни групи, мрежата на национални координатори и активното учество во органите на управување на организацијата. Притоа беше потенцирано дека ваквиот модел на соработка овозможува националните реформски приоритети директно да се преточат во конкретни програми, активности и механизми за институционална поддршка, прилагодени на реалните потреби на институциите.
 
Посебен акцент беше ставен на придобивките што нашата држава ги има остварено преку поддршката на ReSPA во унапредувањето на системите за следење и известување за реформите во јавната администрација, развојот на административните капацитети, зајакнувањето на средниот менаџмент, воведувањето современи системи за управување со квалитет и поддршката на реформските процеси поврзани со европската интеграција.
 
Настанот во Молдавија претставуваше значајна можност за промоција на македонските реформски достигнувања, размена на искуства со земјите од регионот и дополнително зајакнување на регионалната соработка во областа на јавната администрација, истакнувајќи дека проширувањето на активностите на ReSPA кон партнерските земји Молдавија, Украина и Ерменија претставува потврда за вредноста на пристапот во градење на модерни, ефикасни и професионални институции.
 
Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведувањето на реформската агенда и на понатамошното унапредување на јавната администрација, користејќи ги регионалните партнерства и европските искуства како важна поддршка во изградбата на институции кои ефикасно одговараат на потребите на граѓаните и на стандардите на современото европско управување.

Мени за пристапност