12 декември, 2025 година
Во организација на Државниот управен инспекторат, а согласно Годишната програма за специјализирани обуки за инспекторите за 2025 година, во Клубот на пратеници беше реализирана специјализирана обука на тема „Закон за инспекциски надзор“.
Обуката беше спроведена преку стручна презентација, збогатена со практични примери од секојдневното работење и постапувањето на Државниот управен инспекторат, со цел унапредување на стручните знаења и практичните вештини на инспекторите. На обуката учествуваа сите управни инспектори од Инспекторатот.
По завршувањето на обуката беше одржан работен состанок на кој присуствуваа сите вработени во Државниот управен инспекторат. На состанокот, директорката на ДУИ, г-ѓа Катерина Марковиќ Јанковска, ги презентираше реализираните активности на инспекциската служба за тековната 2025 година, како и планираните активности за 2026 година.
По излагањето следеше конструктивна и тематска дискусија, при што беа разменети мислења и предлози во насока на унапредување на ефикасноста и квалитетот на инспекцискиот надзор.