Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување - 27.10.2025 година

Министерство за јавна администрација Министерство за јавна администрација
 
Почитувани,
 
Ве известуваме дека не се работи за нов Закон за употреба на јазиците, туку за Законот за правична застапеност кој е испратен на мислење во Венецијанската комисија.
 
Во врска со објавените интерпретации на изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев, појаснуваме дека во гостувањето на Дневникот на Сител, министерот не мислеше за нов Закон за употреба на јазиците, туку за Законот за правична застапеност во јавниот сектор, кој е во завршна фаза на подготовка и испратен до Венецијанската комисија на мислење.
 
Станува збор за очигледен лапсус, техничка грешка во изразувањето, кој дел од медиумите го пренесоа.
 
Се извинуваме за настанатата грешка и за евентуалните недоразбирања што можеле да произлезат од неа.

Мени за пристапност