Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Минчев: Нема логика да се формира нова комисија што ќе создава дополнителни трошоци во буџетот

Минчев: Нема логика да се формира нова комисија што ќе создава дополнителни трошоци во буџетот
 
Скопје, 09 февруари 2026 година
 
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во контекст на реакциите на дел од невладините организации и граѓанските здруженија, кои предлагаат формирање на посебно тело, нова, проширена комисија со сопствена администрација, истакна дека ваквиот пристап е спротивен на реформската политика на Владата и на Министерството за јавна администрација.
 
Министерот нагласи дека формирањето ново тело би значело дополнителни финансиски трошоци и нова администрација, што не е во согласност со заложбите за рационализација и ефикасност на јавниот сектор.
 
„Ако ние кратиме членови во управни одбори во овој закон, и ако оваа Влада и Министерството за јавна администрација се залагаат за реформи и намалување на ваквите тела, тогаш е нелогично да формираме ново габаритно тело, нова комисија која ќе создава дополнителни трошоци во буџетот“ изјави Минчев.
 
„Во следниот закон што го подготвуваме,односно Законот за организација и работа на органите на државната управа, предвидено е намалување на 40% на буџетските корисници од органите на државна управа. Доколку имаме институции  во кои надлежностите се преклопуваат, или имаат слични или исти надлежности, логично е тие да се рационализираат, а не паралелно да формираме нови тела“ нагласи министерот.
 
Минчев истакна дека критериумите за избор на раководни позиции остануваат високи и строго дефинирани, при што, изборот во одредена институција ќе го врши комисија составена од професионални административни службеници од таа институција.

Мени за пристапност