Министерот Горан Минчев оствари средба со директорката на РеСПА ѓ-ѓа Маја Ханџиска Трендафилова

Министерот Горан Минчев оствари средба со директорката на РеСПА ѓ-ѓа Маја Ханџиска Трендафилова

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со директорката на РеСПА г -ѓа Маја Ханџиска Трендафилова.

 

Министерот Минчев ја информираше директорката на РеСПА за приоритетните активности во новото МЈА. Во фокусот на разговорите беше одличната соработка и идната подршка и можностите за користење на механизмите на РеСПА што нашата земја има можност да ги добива како земја членка.

 

Директорката на РеСПА  г-ѓа Трендафилова го информираше министерот за мисијата и функционирањето на РеСПA, која има за цел да го поддржи создавањето на транспарентни, одговорни и професионални институции на јавната администрација кои обезбедуваат ефикасни услуги во корист на граѓаните и бизнисите.

 

Имено, РеСПА активностите се насочени и кон организирање и испорака на обуки, конференции, настани и публикации кои имаат за цел да пренесат нови знаења и вештини, како и да се олесни размената на искуства во рамките на регионот, помеѓу регионот и земјите членки на ЕУ.

 

Министерот Минчев , се заблагодари на придонесот и подршката што РеСПА ја дава на нашата земја во клучните реформски процеси и очекува соработката да продолжи и во иднина.

 

Македонија оваа година претседава со РеСПА.

Мени за пристапност