Министерот Горан Минчев оствари средба со претставниците од синдикалните организации

Министерот Горан Минчев оствари средба со претставниците од синдикалните организации

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со претседателот Трпе Деаноски и членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) и со претседателот Благоја Ралповски и членови на Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија (КСС).

 

На средбата се разговараше за предизвиците и моменталната состојба на вработените во јавната администрација.

 

Министерот Минчев уште еднаш ја потврди заедничката цел, дека јавната администрација  останува меѓу главните приоритети на новото министерство за јавна администрација  и дека целосно сме посветени на градењето партнерски однос со сите засегнати страни и отворени сме за соработка со синдикатите со цел постигнување на функционален социјален дијалог.

 

Претставниците на синдикатот побараа да се повлечат законот за вработени во јавен сектор и законот за административни службеници од собраниска процедура, бидејќи имаат суштински забелешки како што се враќање на мерит системот, наградување, уредување на платите со колективни договори и покачување на платите во јавната администрација и обезбедување на подобри услови за вработените во јавната администрација.

 

Во таа насока, министерот Минчев изрази подготвеност за одржување на социјалниот дијалог и информираше како министерство дека сме посветени на поддршката на институциите, синдикатите и сите инволвирани страни за да се обезбеди подобрување на стандардите за вработените во јавниот сектор.

Мени за пристапност