Министерот Минчев на ифтарска вечера организирана од МАТТО по повод Рамазан

Министерот Минчев на ифтарска вечера организирана од МАТТО по повод Рамазан

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на покана на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО), присуствуваше на ифтарска вечера по повод Светиот месец Рамазан – месецот на добрината, простувањето и хуманоста.

 

Настанот беше можност за продлабочување на соработката и градење на мостови на почит и разбирање меѓу различните заедници.

 

„Благодарам на домаќините од МАТТО за гостопримството и укажаната чест.

 

Посакувам преостанатите денови од постот за време на Светиот месец Рамазан да ги поминете со членовите на Вашите семејства, пријателите и најблиските, во слога и спокојство, во добро здравје, создавајќи убави дела и добрини“ - истакна Минчев.

 

Министерството за јавна администрација останува посветено на унапредување на инклузивноста и меѓусебното почитување како темелни вредности на општеството.

Мени за пристапност