Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Минчев по повод 11 Октомври: Обврзани сме да ја чуваме слободата и да градиме праведни институции

Министерот Минчев по повод 11 Октомври: Обврзани сме да ја чуваме слободата и да градиме праведни институции
Министерот Минчев по повод 11 Октомври: Обврзани сме да ја чуваме слободата и да градиме праведни институции
 
Куманово, 11 октомври 2025 година
 
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата, Иван Стоилковиќ, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и заменик-министерката за европски прашања, д-р Викторија Трајков, денеска положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово, во чест на хероите кои ги положија своите животи за слободата и достоинството на македонскиот народ.
 
Министерот за јавна администрација Горан Минчев нагласи дека 11 Октомври претставува симбол на одлучноста и борбата за правда, слобода и човечко достоинство. Тој потенцираше дека вредностите кои го воделе народното востание,единството, храброста и визијата за слободна татковина, се темелите врз кои се гради современото македонско општество.
 
„Овој ден не е само спомен на минатото, туку повик за иднината. Тоа е ден кога се потсетуваме на нашата должност како институции и поединци да ја чуваме слободата, да ја унапредуваме демократијата и да создаваме јавна администрација што служи чесно и ефикасно на сите граѓани,“ изјави министерот Минчев.
 
Тој додаде дека Министерството за јавна администрација е силно посветено на создавање инклузивни, транспарентни и одговорни институции, кои ќе го одразуваат духот на востанието, служење на народот со интегритет и визија.
 
На свечениот настан присуствуваа и претставници на Владата, локалната самоуправа, здруженија на бранители, дипломатскиот кор, како и голем број граѓани кои со своето присуство оддадоа почит на историското значење на овој ден.
 
Ова чествување претставува силен симбол на благодарност и продолжување на традицијата на отпор против неправдата, како и постојана заложба за напредок, стабилност и европска иднина на Република Македонија.
 

Мени за пристапност