Министерот Минчев со насмевки и новогодишни желби ги израдува вработените во МЈА и нивните најмили

Министерот Минчев со насмевки и новогодишни желби ги израдува вработените во МЈА и нивните најмили

Денес во просториите на Министерството за јавна администрација се одржа настан исполнет со смеа, игра и празнична магија. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ги израдува децата на вработените со новогодишни пакетчиња, кои лично им ги додели со најубави желби за здравје, среќа и успеси во претстојната година.

 

Настанот беше збогатен со настап на професионални кловнови кои донесоа радост и забава за најмладите. Децата уживаа во интерактивни игри и активности, додека нивните родители имаа можност да го споделат празничниот дух во опуштена и весела атмосфера.

 

„Среќата во очите на децата е најголемиот подарок за сите нас. Им посакувам на сите наши вработени и нивните семејства среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје и радост. Овие мигови се потсетник дека заедно создаваме топла и поддржувачка средина не само на работното место, туку и надвор од него,“ - истакна министерот Минчев.

 

Со овој настан, Министерството за јавна администрација уште еднаш покажа дека покрај професионалната посветеност, се грижи и за благосостојбата на своите вработени и нивните семејства, особено во пресрет на најубавите празници во годината.

 

Министерството за јавна администрација продолжува со својата мисија да гради позитивна работна култура и поддршка за сите свои вработени.

Мени за пристапност