Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше денеска во Собранието на Република Македонија, се одржа традиционален прием по повод Денот на независноста – 8 Септември

Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше денеска во Собранието на Република Македонија, се одржа традиционален прием по повод Денот на независноста – 8 Септември

Во пресрет на чествувањето на 33 години од прогласувањето на независноста на Македонија, а под покровителство на Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска во Собранието на Република Македонија се одржа традиционален прием по повод Денот на независноста – 8 Септември, на кој присуствуваше Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, како и останати министри од Владата, државниот врв, пратеници, претставници на дипломатскиот кор како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.

 

Министерот Минчев изрази благодарност за поканата, истакнувајќи ја историската пресвртница на нашата нација и нејзината посветеност кон суверенитетот, демократијата и напредокот, но и ја потенцираше важноста на националното единство и улогата на јавните институции во поттикнувањето на континуираниот развој на нашата земја.

Мени за пристапност