Во рамки на студиската посета, претставниците од Министерството за јавна администрација, членови на Работната група за управување со квалитет, се запознаа со добри практики и иновативни пристапи во австриската јавна администрација, со посебен фокус на управувањето со квалитет и примената на CAF моделот.
Во Градот Виена беа претставени искуства поврзани со квалитетното управување, внатрешната евалуација и начинот на кој се интегрира CAF во секојдневното работење на институциите.
На Австриската полициска академија се дискутираше за иднината на работата, воведувањето флексибилни модели и трансформацијата на административните служби преку иновации.
Во Федералната канцеларија на Австрија учесниците се запознаа со практики за управување со знаење и примена на нови технологии во јавниот сектор.
Посетата претставува важен придонес во напорите за унапредување на јавната администрација во согласност со европските стандарди и реформските приоритети на Република Македонија.