Скопје, 27 јуни 2025 година
Државниот секретар за јавна администрација, Ѓорѓи Влајнкиноски, денеска во просториите на Министерството за јавна администрација оствари средба со претставници на Канцеларија за демократски институции и човекови права ОБСЕ-ОДИХР, Ранко Вукчевиќ, советник за избори и Ксениа Дашутсина, висока советничка за избори.
Средбата се одржа во рамки на официјалната посета на претставниците од Канцеларијата за демократски институции и човекови права ОБСЕ-ОДИХР, а разговорите беа фокусирани на улогата на Министерството за јавна администрација во однос на претстојните Локални избори 2025 година кои треба да се одржат во октомври.
Набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР посветува особено внимание на имплементација на изборното законодавство, односно ќе следи дали ќе се исполнат стандардите и заложбите на ОБСЕ-ОДИХР по однос на спроведувањето на изборите.
На средбата, државниот секретар Влајнкиноски, ја потенцираше улогата на Министерството во однос на податоците кои се доставуваат во Државна изборна комисија според последниот Извештај од Регистарот за вработените во јавниот сектор, односно за вработените во државната, општинската и администрацијата на градот Скопје, како и за јавната администрација, според кои ДИК го именува составот на општинските изборни комисии и Изборната комисија на градот Скопје.
Државниот секретар Влајнкиноcки исто така потенцираше за важноста на почитување на одредбите од Изборниот законик и Етичкиот кодекс за Вработените во јавниот сектор за спроведување фер и демократски избори.