Скопје, 10 септември 2026
Министерството за јавна администрација денеска одржа работилница за проценка на спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030 и Акцискиот план 2023–2026, со учество на околу 30 претставници од институциите и релевантните засегнати страни.
На работилницата се обрати државниот секретар во Министерството за јавна администрација, Ѓорѓи Влајнкиноски, кој истакна дека успешната реформа бара заедничка институционална посветеност, јасни приоритети и фокус на конкретни резултати.
Целта на работилницата e да се направи реален пресек на досегашниот напредок, односно што е реализирано, кои мерки доцнат и кои се причините за тоа, но и да се утврдат конкретни чекори за забрзување на реформите во преостанатиот период од Акцискиот план.
Учесниците работеа во четири фокус-групи, согласно приоритетните области на Стратегијата:
- креирање политики и координација
- јавна служба и управување со човечки ресурси
- одговорност, отчетност и транспарентност
- дигитална трансформација
Работилницата e спроведена од страна на експерти од ITM Consulting, со поддршка на Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA).
Заклучоците и препораките ќе придонесат кон подобро насочување на реформските активности и постигнување конкретни и мерливи резултати во јавната администрација. Реформата продолжува, со фокус на резултати, одговорност и администрација која работи поефикасно за граѓаните.