Почитувани,
Ве информираме дека министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на 1 јули 2026 година (среда), со почеток во 12:30 часот, ќе одржи прес-конференција по повод две години отчет од работењето на Министерството за јавна администрација.
Прес-конференцијата ќе се одржи во холот на Министерството за јавна администрација, на адреса: Бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје.
Ви благодариме и Ве очекуваме.
Со почит,
Министерство за јавна администрација