Прес конференција на министерот Горан Минчев – Презентација на клучни реформи во јавната администрација

Прес конференција на министерот Горан Минчев – Презентација на клучни реформи во јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес на прес конференција ги презентираше клучните реформи и предлог законските решенија кои ќе значат пресвртница во управувањето со јавниот сектор.

 

Министерот Минчев истакна дека новите закони – Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, и Законот за инспекциски надзор – претставуваат темел за департизација, професионализација и зголемување на ефикасноста на јавната администрација.

 

Во своето излагање, министерот Минчев истакна дека овие законски решенија се резултат на транспарентен и инклузивен процес, со вклучување на експерти, граѓански здруженија, синдикати, академската заедница, ЗЕЛС и меѓународни партнери, преку јавни дебати и консултации.

 

Министерството се залага за:

  • Департизација на јавната администрација, со цел вработувањата да бидат базирани на заслуги и компетенции;
  • Транспарентни процедури за вработување, со јавно достапни огласи и фер процес на селекција;
  • Континуирана обука и развој, преку нова Академија за администрација;
  • Рационализација и заштеда на буџетски средства, преку реорганизација на инспекциските органи;
  • Објективно следење на учинокот и унапредување на административните службеници.

 

Една од клучните промени е и префрлањето на Агенцијата за администрација под надлежност на Министерството, што ќе обезбеди поголема координација и отчетност.

 

Како дел од реформите, се најави и усогласување на платите на административните службеници со Општиот колективен договор, што ќе доведе до просечно зголемување од 8% од 1 март 2025 година.

 

„Со овие реформи докажуваме дека јавната администрација е сервис на граѓаните, а не алатка за политички интереси. Ова е чекор напред кон модерна и професионална администрација која ќе ги исполнува европските стандарди,“ - изјави министерот Минчев.

 

Во продолжение линкови од предлог законските решенија објавени на платформата ЕНЕР за дополнителна јавна консултација:

 

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=84684

 

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=84687

 

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=84688

 

Министерството за јавна администрација ја повикува јавноста да го следи овој процес и да даде свој придонес во реформите што ја водат Македонија на патот кон европските стандарди.

Мени за пристапност