Прес-конференција на Министерот за јавна администрација

Прес-конференција на Министерот за јавна администрација

Во денешното излагање на Прес-конфернција за медиумите, Министерот за јавна админситрација, Горан Минчев, изјави:

"Министерството за јавна администрација, согласно законските надлежности, ги повлече Законите од Собраниска процедура поднесени од претходната Влада, и тоа се:

  • предлог Законот за административни службеници,
  • предлог Законот за вработени во јавниот сектор и
  • предлог Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

 

Оваа обврска е согласно донесениот Закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со која впрочем и се формира оваа министерство. Но, сакам да потенцирам дека освен техничкото усогласување со ЗОРОДУ,  повторно отвараме широка дебата за овие закони, со цел сите заинтересирани и засегнати страни, граѓански организации, институции, синдикати, меѓународни организации, преставници на СИГМА и Европската комисија, експертската јавност  и опозицијата во државата да дадат свој придонес и свое мислење.

 

Новата законска рамка треба да го подобри управувањето со човечките ресурси во администрацијата и да обезбеди вработување и унапредувања засновани на заслуги.

 

Изминатиот период остварив повеќе средби со преставници на граѓански и невладини организации, синдикати како и меѓународни организации, кои исто така ја нагласија потребата од доработка на законите.

 

За таа цел, почнувајќи од утре, Министерството за јавна администрација организира процес на консултации преку организирање на кампања под мотото: „СИТЕ ЗАЕДНО ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА И КВАЛИТЕТНА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА “.

 

Оваа кампања е доказ за колективната посветеност на Владата на Република Северна Македонија за зајакнување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација во нашата земја.

 

Јавната администрација е столбот на секоја нација. Обезбедува услуги кои им се даваат на граѓаните кои не само што треба да се ефикасни, туку и транспарентни и достапни.

 

Едновремено, ја известувам јавноста дека вчера предлог законите се веќе објавени на единствениот национален регистар на прописи  (ЕНЕР) каде сите граѓани, здруженија и останати засегнати страни можат да дадат предлози, сугестии и мислења по однос на предлозите.

 

Во рамки на кампањата “СИТЕ ЗАЕДНО ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА И КВАЛИТЕТНА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА”, Министерството за јавна администрација во партнерство со Центарот за управување со промени (ЦУП), и со поддршка на Британската амбасада и неговата екселенција, Амбасадорот Метју Лосон, и НЕТ фондот, организираат јавна дискусија за клучните предизвици со кои се соочуваат институциите од јавниот сектор во Република Северна Македонија.

 

Дозволете ми да изразам искрена благодарност до Британската амбасада во Република Северна Македонија и Амбасадорот Лосон за нивната поддршка преку обезбедување на експертиза и ресурси, соработка и заложба за поттикнување на силно владеење и извонредност на јавните услуги.

 

Првата јавна дискусија ќе биде организирана утре, 31 јули 2024 година.

 

Темите што ќе бидат номинирани од страна на Министерството за јавна администрација во јавната дискусија се:

 

За предлог Законот за вработените во јавниот сектор:

  • подобрување на ефикасноста и ефективноста во управувањето со човечките ресурси,
  • дорегулирање на постапката за вработување,
  • ревизија на опфатот на законот,
  • поедноставување на постапката за донесување на актите за внатрешна организација и актите за систематизација на работните места,
  • воведување на унапреден концепт за донесување на годишниот план за вработување,
  • дорегулирање на постапките за мобилност

 

За предлог Законот за административните службеници:

  • дорегулирање и унапредувањето на моделот на вработување и управување со учинокот, темелени врз компетенции,
  • поедноставување и доуредување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност,
  • нов систем на пресметка на плата,
  • дополнително мотивирање на вработените и
  • унапредување на работата и стручните капацитети на администрацијата.

 

За предлог Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници:

  • системски организиран процес во неформалното образование за чие спроведување за прв пат во историјата на нашата администрација ќе се формира Агенција за стручно усовршување
  • обука на административите службеници кое во развиените земји – членки и членките на ЕУ одамна се смета за капитална инвестиција во човечките ресурси;
  • примена на принципите на Единствен административен простор (ЕАП) во националната администрација согласно Уставот и законите на Република Северна Македонија, односно да се обезбедат знаења и вештини во администрацијата кои ќе се јакнат, надградуваат и развиваат, а во кои ќе бидат вградени принципите на ЕАП;

 

Очекувам исцрпна, искрена и продуктивна јавна дискусија за сите предлог закони."

Мени за пристапност