Прв состанок на координативното тело – силен импулс за реформи и раст

Прв состанок на координативното тело – силен импулс за реформи и раст

Скопје, 20 август 2025 година

Денеска се одржа првиот состанок на Националното координативно тело за Инструментот за реформи и раст, во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, на кој свое активно учество имаше и Министерството за јавна администрација.

 

Формирањето на ова тело претставува значаен чекор кон институционализирана и усогласена координација на реформските процеси, кои се од суштинско значење за унапредување на јавната администрација и за подготовка на земјата на патот кон Европската Унија.

 

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, нагласи дека јавната администрација е носечки столб на реформите, а нејзината модернизација и професионализација се директно поврзани со искористувањето на европската финансиска и техничка поддршка.

 

Истовремено, Минчев извести за тековните и планираните активности од реформската агенда во надлежност на Министерството за јавна администрација, кои ќе придонесат кон подобрување на квалитетот на јавните услуги, зголемена отчетност и поголема доверба на граѓаните во институциите.

 

Министерството за јавна администрација ќе продолжи активно да работи на подобрување на институционалните капацитети, ефикасноста и транспарентноста на јавниот сектор, во согласност со европските стандарди.

Мени за пристапност