Претставник на Министерството за јавна администрација учествуваше на дводневната регионална работилница „Комуницирај попаметно: Стратегија и вештачка интелигенција за комуникација во јавниот сектор“ (Communicate Smarter: Mastering Strategy and AI for Public Sector Communicators), организирана од ReSPA, која се одржа на 8 и 9 октомври 2026 година во Бар, Црна Гора.
Работилницата беше посветена на унапредување на стратешката комуникација во јавната администрација и практичната примена на алатки базирани на вештачка интелигенција во комуникациските процеси.
Во рамки на програмата беа опфатени теми од областа на планирањето на комуникациски стратегии, дефинирањето на целните публики и клучните пораки, изборот на соодветни комуникациски канали, како и примената на вештачката интелигенција во истражување и анализа, подготовка и адаптација на содржини, односи со јавноста и комуникација преку социјалните медиуми.
Дводневната работилница овозможи размена на знаења, искуства и добри практики во областа на стратешката комуникација и примената на вештачката интелигенција, во насока на унапредување на комуникациските капацитети и развој на модерна, ефективна, ефикасна и паметна јавна администрација.
Министерството за јавна администрација се залага за модерна, ефективна и ефикасна јавна администрација, заснована на транспарентна, современа и квалитетна комуникација со институциите и граѓаните.