Заменик министерот за јавна администрација, Проф.др. Лазе Јаќимовски одржа средба со претставници на Статистичкиот завод на Европската унија – Свростат, Жан – Пјер Понселет, директор на директоратот Б.Стандарди, дисеминација и соработка на Европскиот статистички систем, и Клаудија Јункер, раководител на одделот Б3 и директорот на Државниот завод за статистика Д-р. Дејан Станков.
На самата средба се дискутираше за Статусот на Државниот завод за статистика во системот на државната управа, состојбата на недостаток од стручен кадар во самата институција и лавиринтот низ кои мора истата да помине, како би можела да реалзира вработувања.
Во текот на средбата Заменик министерот истакна дека Министерството за јавна администрација е отворено за соработка и посочи дека Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор се веќе објавени на Енер, и по истите може да се даваат мислења и забелешки согласно потребите на Држваниот завод за статистика и истите ќе бидат разгледани од страна на Министерството.
Средбата заврши со можност за продлабочување на соработката и се дадоа неколку предлози од кои произлегува понатамошна соработка и состанок со работната група по однос на предлог законите, како би можеле да се слушнат потребите на Државниот завод за статистика.